ПАНИКА ВО ЗАГРЕБ, УЧЕНИК ИСПРАЌАЛ ФОТОГРАФИИ СО ОРУЖЈЕ Полицијата го затвори училиштето и нареди евакуација

Полицијата веднаш реагирала и накратко го затворила училиштето, додека ученикот не бил на училиште во моментот кога ги испраќал фотографиите.

320

Ученик од осмо одделение во загрепско основно училиште на своите соученици во училиштето им испратило фотографии со куршуми и со оружје.

Полицијата веднаш реагирала и накратко го затворила училиштето, додека ученикот не бил на училиште во моментот кога ги испраќал фотографиите.






– Полицијата дојде и разговараше со некои ученици. Нѐ повикаа нас родителите да дојдеме да ги земеме децата. Сè уште се тресам од страв – раскажува мајката на ученичката која дошла да си го земе детето од училиште.

– Имавме необична ситуација на училиште, па моравме да контактираме со полиција по протокол. Не можеме да зборуваме за детали, но уште еднаш нагласуваме дека немало никаква закана бидејќи се придржуваме до сите безбедносни протоколи – изјавил директорот на училиштето.

Поврзани содржини