Судијата Панчевски побара укинување на притворот
Панчевски е обвинет за малверзации со АКМИС, односно дека влијаел на распределбата на педесетина предмети во скопска единица, така што самиот одредувал судии за случаите.
Поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје Владимир Панчевски на почетокот на денешното судење во Велес побара да му се укине притворот бидејќи, како што рече, до денеска не добил решение по жалбата да биде разрешен од судиската функција и се повика на имунитетот. Нa oвa oбвинителот рече дека одлука за неговата жалба има и такви инфомации биле објавени во медиумите.
Судечкиот совет, со кој претседава судијката Валентина Ѓеоргиева даде пауза со цел да се провери дали му е одземен имунитетот на судијата Панчевски.
Панчевски е обвинет дека влијаел на распределбата на педесетина предмети во скопска единица, така што самиот одредувал судии за случаите, односно за малверзации со системот АКМИС.
Тој на минатото рочиште на 10 јули не се појави на судењето, па му беше одреден притвор. По него беше распишана и потерница бидејќи неколку дена по ред не беше достапен за полицијата. По неколку дена тој самиот се пријави во истражниот затвор „Скопје“.
На денешното судење судијката Ѓорѓиевска им забани на новинарите да ги користат телефоните и да излегуваат од судница.