Палма сакаше да го пофали Дачиќ, ама го засрами за сите пари: Го носев на гиро во Грција, а тој имаше само два пара панталони (ВИДЕО)
Палма рече дека лично тој го носел Дачиќ на море во Грција, затоа што таму било најевтино. И дека секој ден јаделе гиро, затоа што и тоа било најевтино.
Пратеникот и лидер на Единствена Србија, Драган Маринковиќ – Палма, денеска во свој претпознатлив стил реши да го пофали Ивица Дачиќ, кандидат за шеф на парламентот и лидер на СПС.
Но, додека Палма зборуваше, Дачиќ се држеше за глава и црвенееше под заштитната маска.
Палма рече дека лично тој го носел Дачиќ на море во Грција, затоа што таму било најевтино. И дека секој ден јаделе гиро, затоа што и тоа било најевтино. Потоа рече дека Дачиќ имал само два пара панталони со џебови, како што носат мајсторите, но дека луѓето околу него успеале да го убедат да купи три одела.
Погледнете го видеото: