ПАЛЕЛ СУВА ТРЕВА, ЌЕ МУ ЈА ЗАПАЛЕЛ КАФАНАТА НА СОСЕДОТ!? Играње со оган во Батинци

Огнот избувнал во соседен двор и се проширил до угостителски објект во близина на Батинци.

1

Пожар избувнал во близина на угостителски објект кај скопското село Батинци, откако засега непознат сторител запалил сува трева во соседен двор.

Според пријавата доставена до СВР Скопје, огнот бил подметнат во дворно место на куќа што се граничи со локалот, по што брзо се проширил низ целиот двор и стигнал до оградата на угостителскиот објект.






Сопственикот на локалот, 40-годишен жител на Студеничани, случајот го пријавил во полиција, наведувајќи дека пожарот се случил претходниот ден околу 11 часот.

Пожарот бил навреме изгаснат, а полицијата презема мерки за утврдување на околностите и пронаоѓање на сторителот.

Поврзани содржини