ПАКЕТ НА ВЕКОТ ЗА ИЛОН МАСК, НО ЌЕ СЕ ПОМАЧИ ЗА МИЛИЈАРДАТА Еве што мора да исполни за да ја добие сумата со 9 нули
Маск најави дека неговата иднина не е само во електричните возила, туку во роботите Optimus и во роботакси-системите што ќе го направат „Тесла“ симбол на новата индустриска револуција. Меѓутоа инвеститорите се поделени во однос на тоа дали еден од најбогатите луѓе во светот може да ја зголеми вредноста на компанијата за осум ипол пати.
Акционерите на „Тесла“ со убедливо мнозинство му го одобрија на Илон Маск најголемиот платен пакет во историјата на корпоративна Америка, речиси една милијарда долари (1.000.000.000). Со оваа одлука, 75% од гласовите му дадоа зелено светло на најбогатиот човек на светот, но и јасен услов: ќе ги добие акциите само ако во наредните 10 години ја зголеми пазарната вредност на „Тесла“ до осум ипол милијарди долари, јави Би-Би-Си.
По изгласувањето во Остин, Маск излезе на сцената со широка насмевка и дури заигра под аплаузот на публиката, извикувајќи дека „ова не е само ново поглавје, туку нова книга на иднината на Тесла“.
Меѓутоа, новиот пакет ја подели инвеститорската јавност. Поддржувачите сметаат дека Маск е единствениот што може да ја трансформира компанијата во водечки играч на пазарот на вештачка интелигенција, додека критичарите тврдат дека со ваков бонус тој станува премоќен и над контрола на одборот.
Понатаму, Маск најави дека неговата иднина не е само во електричните возила, туку во роботите Optimus и во роботакси-системите што ќе го направат „Тесла“ симбол на новата индустриска револуција.
– Она што започнуваме денес е нешто поголемо од автомобилите. Тоа е целосна еволуција на човечката технологија – изјави Маск.
Сепак, финансиските аналитичари предупредуваат дека компанијата се соочува со пад на продажбата и зголемена конкуренција од „Вејмо“ и другите стартапи. Американските регулатори сè уште ја истражуваат безбедноста на автопилот системот на „Тесла“, по неколку несреќи со повредени возачи.
Од друга страна, неговите поддржувачи велат дека токму овој ризик е она што го прави Маск „неповторлив“. Технолошкиот аналитичар Ден Ајвс оцени дека „Тесла конечно ја отклучува својата АИ-вредност“, а неговиот колега Рос Гербер додаде дека договорот е „уште една невозможна приказна што станува реалност“.
Во годината кога Маск повторно се поврзува со политички теми и јавни контроверзии, неговиот лик повторно го поларизира пазарот – некои инвеститори ја зголемуваат довербата, а други ја повлекуваат. Но едно е сигурно: ниту еден друг извршен директор во историјата не добил толку голема шанса за награда – ниту толкава одговорност.