ПАДНАЛ ОД ПОКРИВ ДОДЕКА РАБОТЕЛ НА АЕРОДРОМОТ „СВ. АПОСТОЛ ПАВЛЕ“ Кавадарчанец се здоби со тешки повреди

Повредениот работник со тешки телесни повреди бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

0

Работник е тешко повреден откако паднал при изведување градежни работи на покрив на објект на Меѓународниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Инцидентот бил пријавен на 08.06.2026 година во 11:25 часот во СВР Охрид, кога било пријавено дека едно лице паднало додека работело на висина.






Повредениот работник со тешки телесни повреди бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Од полицијата информираат дека веднаш по пријавата нивни екипи излегле на терен и извршиле увид, при што е утврдено дека се работи за З.П. (44) од Кавадарци.

Се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случил инцидентот.

Поврзани содржини