ВОЗЕЊЕТО СО ВЛЕЧКИ ОД ПЛАЖА МОЖЕ ДА ВЕ ЧИНИ 50 ЕВРА! Еве какви други изненадувања воведува Грција

Со новиот закон, покрај повисоките парични казни, за повеќе прекршоци предвидени се и одземање на возачката дозвола или на регистарските таблички од автомобилот. Исто така, официјално е укинато правилото дека казната е двојно пониска ако се плати во рок од 7 до 10 дена, кое важеше досега.

1

Во пресрет на туристичката сезона, сообраќајната полиција во Грција испраќа порака дека ќе има „нулта толеранција“ за прекршоци. Во претходните години постоеше непишано правило да им се гледа „низ прсти“ на туристите што оставаат пари, меѓутоа, ригорозните измени во грчкиот Закон за безбедност во сообраќајот целосно ја менува ситуацијата.

Со новиот закон, покрај повисоките парични казни, за повеќе прекршоци предвидени се и одземање на возачката дозвола или на регистарските таблички од автомобилот. Исто така, официјално е укинато правилото дека казната е двојно пониска ако се плати во рок од 7 до 10 дена, кое важеше досега.






  • За поминување на црвено светло на семафор, казната е 700 евра и одземање на возачката дозвола, како и на регистарските таблички од 20 дена.
  • За престигнување преку полна линија – казна од 700 евра и одземање на возачката дозвола.
  • Недозволено свртување или полукружно свртување, како и некористење на сигурносен појас, се казнуваат со 350 евра и одземање на возачка дозвола.
  • Во зависност од брзината, казните за пребрзо возење се движат од 40 до 350 евра, со можна суспензија на возачката дозвола.
  • Разговарање по телефон за време на возење (без уред „hands-free“) се казнува со 100 евра и одземање на возачката дозвола до еден месец.
  • Казна за возење во влечки е 50 евра и исклучување од сообраќај.
  • Казната за непрописно паркирање е 80 евра и отстранување на регистарските таблички.

Плаќањето на казните на може да се изврши на самото место, туку полицијата издава прекршочен налог. Казната се плаќа во локалната пошта (ЕЛТА) или во банкарските филијали на местото каде што е извршен прекршокот.

Доколку полицијата ви ги отстрани регистарските таблички, законскиот рок за нивно враќање често е 20 дена. Тоа значи дека, дури и ако ја платите казната, нема да можете да се вратите во земјата со својот автомобил, додека не истече тој рок. Останува можноста да платите шлеп-служба до граница, или да го продолжите одморот.

Поврзани содржини