НЕТ БЕЗ ХЕЈТ Македонски Телеком доби награда за одржлив развој 

„Нет без хејт“ е младинско движење кое придонесува за создавање побезбеден, похуман и поинклузивен дигитален простор без сајбер-насилство и говор на омраза.

1

Македонски Телеком, преку Фондацијата Телеком за Македонија, ја доби наградата за одржлив развој за иницијативата „Нет без хејт“ – младинско движење кое придонесува за создавање побезбеден, похуман и поинклузивен дигитален простор без сајбер-насилство и говор на омраза.

Наградата ја доделуваат Конект и Министерството за економија и труд и претставува национално признание за најдобрите практики и иновации кои создаваат значајни општествени промени преку одржлив развој, општествена одговорност и меѓусекторска соработка. Во категоријата партнерства за одржлив развој, признанието ги истакнува компаниите кои преку соработка со институции, граѓански организации и други чинители создаваат трајни позитивни промени во заедницата.






„Нет без хејт“ е дел од партнерството помеѓу Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ, кое ги става младите во центарот на промените и ги охрабрува активно да придонесуваат за побезбедна дигитална иднина.

– Оваа награда е признание за моќта на партнерствата но, пред сѐ, ова е награда за младите кои се дел од „Нет без хејт“ и кои со својата енергија, креативност и посветеност покажуваат дека можат да бидат двигатели на позитивни промени. Горди сме што заедно со УНИЦЕФ градиме иницијатива што создава трајни и одржливи промени во заедницата – изјави Горан Марковиќ, претседател на Фондацијата Телеком за Македонија.

Како дел од следната фаза на проектот, во 2026 година „Нет без хејт“ ќе се фокусира на пилотирање и проширување на младинските иницијативи во најмалку 20 училишта и локални заедници низ државата. Дополнително, ќе продолжи развојот на кампањи и содржини создадени од млади за млади, како и соработката со релевантни институции во насока на унапредување на дигиталната безбедност и благосостојбата на децата и младите.

Со ова признание, Македонски Телеком уште еднаш ја потврдува својата посветеност на создавање позитивни општествени промени преку иновативни и одржливи иницијативи кои придонесуваат за подобра иднина за сите.

Поврзани содржини