Пад од 56 отсто на бројот на туристи во јули
Во периодот јануари ‒ јули 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 67,4 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 43,9, а кај странските за 79,6 %.
Вкупно 75. 591 туристи кои оствариле 436.180 ноќевања се реализирани во јули годинава, објави .Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, бројот на туристите во однос на јули 2019 година, е намален за 56 отсто, а на ноќевањата за 36,1 отсто. Кај домашните туристи има намалување од 4,8, а на странските за 94,9 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, е намален за 6,3, а на ноќевањата на странските туристи за 93,4 отсто.
Во периодот јануари ‒ јули 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 67,4 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 43,9, а кај странските за 79,6 %. Бројот на ноќевањата, пак, е намален за 56,6 отсто, и тоа: кај домашните туристи за 30,8, а кај странските за 80,3 отсто.