ПАД ОД 2,5% НА ИЗВОЗОТ ВО ПРВИТЕ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАВА Најголем раст на извозот има кај алкохолот и тутунот
Во периодот јануари – април 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 46,8 % во вкупниот обем на размената.
Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари – април 2025 година изнесува 2,78 милијарди САД долари и е пониска за 2,5% во однос на истиот период лани. Вредноста на увезената стока, во истиот период изнесува 3,98 милијарди долари и е пониска за 2% во однос на истиот период лани.
Овие податоци денеска ги објави Државниот завод за статистика.
Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
Во периодот јануари – април 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 46,8 % во вкупниот обем на размената.
Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60,6 % во вкупната размена.
Во овој период е забележан најголем раст на извозот на пијалаци и тутун од 29,4%.