ПАД НА НОВОЗАБОЛЕНИ ВО ПРЕТХОДНАТА НЕДЕЛА Од ИЈЗ откриваат дека 47 проценти од хоспитализираните починале
Единствено зголемување, од 12 отсто, споредно со претходната недела, се забележува кај возрасната група од 10 до 19 годишна возраст.
Институтот за јавно здравје во својата неделна статистика има регистрирано 2.934 нови позитивни случаи, најголем број од нив, 750, или 25,6%, имаат над 60 години, а најмал е бројот на заразени деца до 9 годишна возраст – 124.
Единствено зголемување, од 12 отсто, споредно со претходната недела, се забележува кај возрасната група од 10 до 19 годишна возраст.
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје се гледа дека од досегашните 13.159 случаи на хоспитализирани болни од ковид-19 (затворени болнички случаи), 6.956 оздравеле и се пуштени, а 6.203 пациенти починале (вкупно починати се 6.607 луѓе, од кои 404 починале во вонболнички услови). Пресметано во проценти, 47,14% од затворените болнички случаи завршиле со смртен исход, а 52,86% проценти од хоспитализираните оздравеле.
При споредба на трите последни извештаи на ИЈЗ се гледа дека тој процент расте во овој период, односно за последните три обработени недели процентот на починати се зголемил за 0,8% и е сè поблиску до 50 отсто од вкупниот број на затворени случаи на хоспитализација.
Само во последната седмица 47 пациенти оздравеле и ги напуштиле ковид болниците, додека 121 пациент починале од болеста. Претходната недела овој сооднос е уште поголем односно од 12 до 19 септември оздравеле 71 хоспитализиран пациент, а починале 176 кои биле на болничко лекување.
Бројките и процентите се пресметани врз основа на трите последни неделни извештаи на Институтот за јавно здравје. Моментално се хоспитализирани 774 лица.
Последен извештај на ИЈЗ: Македонија досега има починато 6.607 лица, 6.203 (47,14%) умреле во болница, а од болници излегле оздравени 6.956 (52,86%) за една недела 47 оздравеле од болница, а 121 починале минатата недела од 13.159 хоспитализирани досега
Од почеток на пандемија до сега вкупно се починати 6.607 лица, во болница биле примени 13.159 пациенти, битката со ковид-19 во болнички услови ја загубиле 6.203 (47,14%), а пак како оздравени се водат 6.956 (52,86%).