ПАЦИЕНТИ СКОКААТ ОД ПОНИСКИТЕ КАТОВИ ДА СПАСАТ ЖИВА ГЛАВА Пожарот во ковид болницата во Романија зеде 9 жртви (ВИДЕО)

Во моментот на пожарот во болницата имало 113 пациенти, а на интензивна нега биле 10. Досега се евакуирани 50 пациенти кои се однесени во други болници, а пред зградата поставена е моблна тријажа

1,521

Во пожарот во ковид болницата во романскиот град Констанца, во кој починаа 9 лица, на видео се гледа како пациенти скокаат од пониските катови на болницата и пожарникари како изнесуваат луѓе.

Во моментот на пожарот во болницата имало 113 пациенти, а на интензивна нега биле 10.






Досега се евакуирани 50 пациенти кои се однесени во други болници, а пред зградата поставена е моблна тријажа.

Во февруари во пожар во ковид болницата во Букурешт загинаа шест лица. Минатиот ноември пак, 1о луѓе починаа во пожарот на интензивна нега во болницата во местото Пиатра Ниемт на североисток од државата.

Поврзани содржини