ПА(Р)ЛАМУДЕЊЕ Кравите се молзат во недела, затоа и гласаме во недела

2,427

Иронија е кога луѓето на власт се нарекуваат функционери, а тие се причината што ништо не функционира.

***






Ако Заев лично се договорил за вакцините во директен разговор со Вучиќ, ништо чудно и вакцини против беснило да добиеме.

Ако ме разумевате шта ви причавам.

***

Шахпаска: „Кравите мора да се молзат и во недела, за да има млеко за понеделник.“

Аааа, значи зато гласаме во недела…

***

Ваљда можеме со кравите да се разбереме во недела сами да се молзат.

Сепак не се волови.

***

Ајде, ајде…сите можете да си купите шал како на Мила и да ви останат 200 евра кусур!

П.С. И одма да сте прекинале со лажни вести!

***

Точно е дека Мила има право да носи што сака, ама кад је Бетка обувала таквих стваре нисте биле толко пуни разумевања.

***

Да не го носеше Мила шалот не ќе знаев дека имаме толку способни фешн гуруа кои можат да забележат фејк Гучи на слика.

***

Друго било кога се критикувале претходните властодршци за луксузирање, пошо тие тоа го правеле со народни пари.

Стварно? Како дознавте бе другари? Има некоја пресуда, а да не знаеме?! Дај кажете колкумина отидоа во затвор од поранешните, да се почастиме.

***

Ве молам, пазете Шеќеринска да не разбере дека Груевски е на слобода, многу шокови ќе ѝ дојдат наеднаш.

***

„Градоначалникот на Охрид не чувствува лична одговорност за катастрофалниот извештај на УНЕСКО.“

Нормално! Како мојт градоначалник да е одговорен?! Видете таму со чистачката или со домарот в’општина…

***

Степенување на придавката „непартиски“ по новиот правопис:

Непартиски
Понепартиски
Најнепартиски
Даштевски

***

Во случај Република Вевчани ѝ објави војна на Република Нашата Земја, за кого ќе навивате?!

***

Да се послужам со логиката на Бочварски:

Ако си глуп, можеш и да преќутиш нешто!

***

Има луѓе кои се влезени толку длабоко во шупакот на власта, што кога зборуваат се слуша ехо.

 

(Од афоризницата на Иљче Затаракоски, познат охридски мрчатор)

Поврзани содржини