ПА, ЃОКОВИЌ НЕ Е МАШИНА Олимпиското злато го изгасна огнот на УС Опен, коментира светски позната тенисерка
Од самиот почеток беше јасно дека тој немаше фокус, немаше жар па да се гаси, Новак не е машина, се случуваат вакви падови. Кога имаш лош ден, многу е потешко да го преживееш на 37 годин и, отколку на пример на 25 години, истакна светски познатата тенисерка Мартина Навратилова.
Поранешната светски позната тенисерка Мартина Навратилова изјави дека освојувањето на олимпиското злато имало големо влијание врз настапот на Новак Ѓоковиќ на УС Опен, односно врз фактот што тој беше елиминиран во третото коло на Грен слем турнирот во Њујорк, пренесува МСН.
– Тој даде сè за златниот медал на Олимпијадата и така направи. Затоа не ме чуди што толку брзо беше елиминиран на УС Опен, имаше многу малку време да се опорави и да се подготви. Од самиот почеток беше јасно дека тој немаше фокус, немаше жар па да се гаси, Новак не е машина, се случуваат вакви падови. Кога имаш лош ден, многу е потешко да го преживееш на 37 годин и, отколку на пример на 25 години – истакна Навратилова.
Навратилова верува дека на Ѓоковиќ ќе му биде сè потешко бидејќи времето не му оди во прилог.
– Сè станува потешко, трае подолго. Закрепнување од напорните тренинзи, опоравување од повреда. Сакате да тренирате помалку, но тогаш сте во полоша форма. Не гледам како може да остане мотивиран. Ако некој може, тоа е тој, но мора да игра малку повеќе отколку што играше, ако немате натпревари, ја губите вашата рутина – заклучи Навратилова.