Овие жени ја имале најопасната професија, секој залак би можел да ги убие (ФОТО)
Меѓу оброците, девојките само чекале. Тие чекале да видат дали ќе умрат или ќе преживеат.
Неколку жени во Германија секојдневно живееле со страв дека би можеле да бидат отруени, бидејќи нивната професија била да ја дегустираат храната на Адолф Хитлер. Како што објави Би-Би-Си, тие испробувале сè што требало Фирерот да го јаде, а целата работа се криела во тоа што Хитлер не бил сигурен во своите луѓе и сојузници.
Дегустаторките никогаш не раскажале за нивната професија, но во 2013 година, 95-годишната Маргот Волк ја споделила својата приказна со новинарот на Шпигел, а неколку години подоцна, режисерката Мишел Брукс направила театарска претстава за животот на овие жени.
Брукс жените ги прикажала како современи тинејџерки кои танцуваат на поп музика, но зборуваат за Френк Синатра, за Кларк Гејбл, за Адолф Хитлер и за омразата кон Евреите.
Како што истакнала старицата Волк, иако нејзиниот живот бил преполн со моменти од кои се плашела за своето здравје, сепак, објаснува таа, со секоја лажица што ја приближувала до устата, тоа била, всушност, многу здодевна работа, пренесува Би-Би-Си.
До 1944 година, во Германија имало многу гладни луѓе, а тие добивале по три оброци дневно и ретка состојка бидејќи Хитлер бил вегетаријанец, така што неговата диета се состоела претежно од ориз, тестенини и егзотично овошје.
– Некои почнаа да плачат веднаш штом требаше да јадат затоа што многу се плашеа. Моравме да јадеме сè и да чекаме еден час после тоа. И секој пат се плашевме дека ќе биде лошо за нас. Плачевме од среќа затоа што се радувавме што останавме живи – рекла Волк.
Меѓу оброците, девојките само чекале. Тие чекале да видат дали ќе умрат или ќе преживеат.