ЈОВЕСКИ СЕ РАСПЕКМЕЗИ НА КРАЈОТ ОД МАНДАТОТ Државниот обвинител испрати трогателно писмо за збогум

Довербата во Обвинителството, според државниот обвинител во заминување, е поголема од тоа што се прикажува во анкети кои според него не биле релевантни.

422

На последниот ден од мандатот, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески се огласи со писмено обраќање до јавноста и до колегите.

Обвинителството било транспрантно и отчетно, а нападите најчесто неосновани, вели тој.






Ниските оценки и критиките за борбата против корупцијата и во извештајот на ЕК, според Јовески, не се однесуваат директно на Обвинителството, туку се инсистира државата да обезбеди повеќе ресурси.

„Дали во изминатите шест години можевме и подобро и повеќе? Сигурно да, но во ниту еден момент не сум престанал да се залагам за повеќе и за подобри резултати“, порача Јовески.

Довербата во Обвинителството, според државниот обвинител во заминување, е поголема од тоа што се прикажува во анкети кои според него не биле релевантни.

„Се создаде атмосфера дека довербата во нашата работа е нереално многу ниска, а во правосудството има и предмети кои се граѓански во кои не постапува обивнителството“, пишува Јовески.

Граѓаните поднесувале сѐ повеќе кривични пријави што за него е показател дека довербата во иституцијата што ја предводеше 6 години се зголемува.

„Анкетите, онака како што се прават за политичарите и политичките партии, не се соодветни за мерењето на довербата во работата на Јавното обвинителство“, вели Јовески кој посочува истражување на Светска банка кое деновиве и целосно ќе биде објавено, а се однесува на состојбите со јавната перцепција на правосудството кај нас.

Позитивна оценка дале 28% од граѓаните и 33% од бизнисмените. Запрашани за ефикасноста конкретно во нивниот предмет за оние што имале такво искуство 47% од граѓаните и 37% од бизнисмените рекле дека се задоволни.

Јовески со порака и до колегите да бидат истрајни и упорни затоа што потрагата по правда е маратон, а не спринт трка на кратки патеки

„Ве повикувам во секоја можност да ја демонстрирате својата истрајност и решителност во борбата против криминалот. Не дозволувајте поединци да ја извалкаат професијата во која секојдневно се вложувате. Со чесна и напорна работа вашите резултати нема да останат непрепознаени од јавноста“, пишува во писмото.

Јовески го почнува своето обраќање со цитат од Абрахам Линколн, а го завршува со честитки за претојните празници.

Поврзани содржини