Истражувањата на стаорци покажаа застрашувачки резултати. Стаорците кои биле хранети со шеќер биле помалку способни да го контролираат своето однесување. Тоа значи дека она што го јадеме може да влијае на нашата способност да се спротивставиме на искушенијата и може да биде објаснување зошто промените во исхраната се толку тешки за луѓето.
Една неодамнешна студија покажа дека луѓето кои редовно јаделе храна со висок процент на шеќер, имале дури и поголема желба за овие намирници, иако биле сити. Колку повеќе го јадете, толку повеќе ќе копнеете по него и ќе му наштетите на вашето здравје, пишува „Новости“.
Поради оваа опасност, Светската здравствена организација (СЗО) советува да го ограничиме внесот на шеќер на пет отсто од нашиот дневен внес на калории, а тоа е максимум шест лажици. Просечното возрасно лице троши околу 85 грама (20 мали лажички на ден), така што ова е голема промена во исхраната за повеќето.
Со промена на режимот на исхрана, можете да влијаете на овој проблем. Затоа, веќе од денеска намалете го дневниот внес на шеќер и спасете го мозокот.