Ова е симболика! Во Сисак родено првото бебе во Хрватска, семејството е од Петриње
Бебето е машко и ќе се вика Давид.
Првото бебе во Хрватска е родено во болницата во Сисак, а семејството е од Петриње, градот најтешко погоден од серијата земјотреси.
Бебето е машко и ќе се вика Давид.
– Во 15 секунди по полноќ се роди малиот Давид. Ова е баш симболично да се роди токму во Сисак. Мајката и бебето се добро, сите сме пресреќни. Бебето се роди во оној дел од гинекологијата што го преживеа земјотресот – вели заменик директорот на болницата, Марин Репушиќ, .
Како што пишува „Индекс“, куќата на смејството на новороденчето е срушена во земјотресот.
– Мајката е од Петриње, ова и второ дете. Во страшниот потрес им е срушена куќата и по земјотресот целото семејство спие во автомобилот – вели Репушиќ.