ОВА Е САМО ПОЧЕТОК, ЌЕ СЛЕДАТ И ДРУГИ Медведев ја упати најострата закана досега
Медведев истакна дека денешните напади врз Киев се само прва епизода и се одговор за нападот на мостот во Крим.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска упати уште една закана до Украина.
Медведев истакна дека денешните напади врз Киев се само прва епизода.
– Ова е само првата, а ќе има и други – рече Медведев во пресрет на седницата на Советот за национална безбедност свикана од рускиот претседател Владимир Путин.
Самиот Путин истакна дека Русија ќе одговори на „терористичките акции“ на Киев, мислејќи на неодамнешните експлозии на мостот на Крим.