„ОВА Е ОРГАНИЗИРАНО ТЕХНИЧКО НАСИЛСТВО ВРЗ СРБИТЕ“ Косово сака да ја преземе контролата над мостот на Ибар, тврди Ѓуриќ
Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, го окарактеризира обидот за отворање на мостот на Ибар за сообраќај како „многу прецизно организирано техничко насилство“ врз Србите, чие деловно, физичко и секое друго постоење е спречено со ова, како и со други акции на Приштина.
Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ денеска изјави дека властите во Приштина, предводени од косовскиот премиер, Албин Курти, сакаат да ја преземат контролата над мостот на Ибар во Косовска Митровица, со цел да се направи „дополнителен притисок врз српската заедница“.
Ѓуриќ за РТС изјави дека „Косовска Митровица, како град, е бедем на опстанокот на српскиот народ во Косово и Метохија“, посочувајќи дека тоа е единственото урбано подрачје во кое живеат мнозинство Срби во Косово, а од 1999 година мостот на Ибар го поврзува јужниот дел на градот каде што живеат Албанците, со северниот дел од градот каде што живеат Србите.
Министерот за надворешни работи на Србија го окарактеризира обидот за отворање на мостот на Ибар за сообраќај како „многу прецизно организирано техничко насилство“ врз Србите, чие деловно, физичко и секое друго постоење е спречено со ова, како и со други акции на Приштина.
Ѓуриќ денеска изјави дека „некој мора да одговара“ за терористичките закани испратени на адресите на српските амбасади во Австрија и Германија, какви доби и амбасадата на Србија во Берн.
– Нашите институции се во контакт со тие земји, нашите конзуларни канцеларии и нашите граѓани се безбедни – изјави Ѓуриќ за РТС.