ОВА Е НАЈСМРТОНОСНИОТ СОЈ НА КОРОНА ДОСЕГА! Брзо се шири, секој трет заразен умира, а вакцините се бескорисни?
Новиот вид наречен „НеоКов“, инаку откриен во Јужна Африка, е поврзан со респираторниот синдром „МЕРС-Ков“.
Во време кога целиот свет се бори со омикрон, научниците предупредуваат на појава на многу посмртоносен вид на коронавирусот.
Според светските медиуми, кинеските научници од Вухан, градот каде што започна целата ситуација со коронавирусот, предупредуваат дека новиот вид претставува потенцијална закана за биосигурноста и има висока стапка на смртност и ширење.
Новиот вид наречен „НеоКов“, инаку откриен во Јужна Африка, е поврзан со респираторниот синдром „МЕРС-Ков“.
Тоа навистина не е нова варијанта бидејќи беше откриена во 2012 и 2015 година на Блискиот Исток и е слична на САРС-КоВ-2 кај луѓето.
Како што беше споменато, тие предупредуваат на висока стапка на смртност и како пример наведуваат дека секој трет човек заразен со „НеоКов“ умира.
Сепак, според студијата објавена на веб-страницата „bioRxiv“, која го откри „НеоКов“, тие велат дека се шири само меѓу животните, а најпрво е пронајден меѓу, погодувате, лилјаците.
Сепак, природата на „НеоКов“ сè уште останува мистерија, но предупредува на потенцијална закана за луѓето.
Експертите од Рускиот државен институт за вирусологија и биотехнологија велат:
– Истражувачкиот центар „Вектор“ е запознаен со податоците што ги добиле кинеските истражувачи за „НеоКов“. Но, овој тип на коронавирус во овој момент не би требало да се појави и да се шири меѓу луѓето – велат тие.
Веб-страницата „bioRxiv“ објаснува дека вакцината можеби не е доволна за заштита на човечкиот имунолошки систем.
– Нашето истражување покажува дека сегашните вакцини против ковид-19 не се соодветни за заштита на луѓето од инфекција предизвикана од овој вирус – се додава во студијата.