ОВА Е БОРБА ЗА КУМАНОВО, А НЕ БОРБА ЗА ВЛАДАТА ДА ВЛАДЕЕ ВО КУМАНОВО Максим Димитриевски вели дека народот ќе го каже последниот збор

Во Куманово ќе владеат кумановци. Ќе владее нивниот градоначалник којшто тие го сакаат, а тие ќе кажат кого сакаат на 17 октомври на легитимни и демократски избори, без разлика на сите притисоци кои се прават од страна на поединци, не на сите, бидејќи таа СДСМ што ја гледате тука е моја, била и ќе биде, рече Максим Димитриевски.

523

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата Економски магазин на Алсат, потенцираше дека локалните избори се борба за Куманово, а не борба за Владата да владее во Куманово.

– Сите граѓани знаат дека се работеше интензивно овие четири години. Без разлика на сите опструкции Куманово ќе продолжи да се развива и да раззеленува. Да биде почист, поурбан и помодерен град. Тоа е концептот на тимот „За наше Куманово“, бидејќи јас многупати се чудам, еве го слушам Михајловски вели треба да се дојде во Куманово. Не господине Михајловски, треба да се живее Куманово за да се доживее Куманово и да се видат неговите реални проблеми. А кој тоа ќе гради во Куманово и ќе владее господине Илиевски, цело време се повикувате на Владата, па зошто имаме децентрализација? Вие сакате да станете градоначалник, зошто Владата? Сè уште немате дефинирано кој е кандидат? Вие и господинот Спасовски? Стоите на прес-конференција заедно со министер за внатрешни работи, тој држи говор, а вие молчите и климате со глава. Кој е кандидатот? Зошто господинот Спасовски не излезе да биде противкандидат и да види какво е мислењето на граѓаните? Во Куманово, господине Илиевски, ќе владеат кумановци. Ќе владее нивниот градоначалник којшто тие го сакаат, а тие ќе кажат кого сакаат на 17 октомври на легитимни и демократски избори, без разлика на сите притисоци кои се прават од страна на поединци, не на сите, бидејќи таа СДСМ што ја гледате тука е моја, била и ќе биде. Но, како и да е, ова е борба за Куманово, а не борба за владата да владее во Куманово – рече Димитриевски.

Поврзани содржини