ОСУМ ВОЗАЧИ „ПАДНАА“ ЗА ЕДЕН ДЕН Возеле пијани, без дозвола и со забрана, меѓу нив и малолетник

Осум возачи се приведени низ државата поради возење без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана. Меѓу нив и малолетник во Скопје.

79

Осум возачи биле лишени од слобода во текот на вчерашниот ден во повеќе градови низ државата, поради сериозни прекршоци во сообраќајот.

Според информациите од полицијата, тројца управувале возило без возачка дозвола, двајца возеле под дејство на алкохол, а уште тројца седнале зад волан иако имале активна забрана за управување со возило од Б категорија.






Меѓу затекнатите без дозвола имало и малолетник во Скопје, додека друг ваков случај бил регистриран и во Битола. Полицијата санкционирала и по еден возач во Куманово, Велес и Неготино кои возеле иако имале изречена забрана.

Во Македонска Каменица и Струга, пак, биле откриени возачи кои управувале под дејство на алкохол.

Сите лица биле приведени во полициска станица, а по целосното документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

Од полицијата апелираат учесниците во сообраќајот строго да ги почитуваат правилата, да не управуваат возило без дозвола, со изречена забрана или под дејство на алкохол, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата.

Поврзани содржини