ОСОМНИЧЕНИОТ АМБАСАДОР КУЧИ СЕ ВРАЌА ВО СКОПЈЕ Тој вели дека верува во правдата и нема што да крие

Дритон Кучи беше министер за економија од 18 јануари 2016 до 1 јуни 2017 година. тој го наследи  Беким Незирии му беше претходник на Крешник Бектеши.

693

Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред, напиша амбасадорот во Норвешка Дритон Кучи, по информацијата дека е еден од осомничените за трагедијата во Кочани.

Тој во постот на Фејсбук вели дека денеска семејството го информирало дека претставници на Министерството за внатрешни работи биле во мојот дом  и го барале за информативен разговор.






„Немам што да кријам и секогаш сум одлучувал да постапувам со чесност и смиреност, дури и кога околностите биле тешки.

Секогаш сум избирал да одам по прав пат, дури и кога тој бил најтежок. Зборував кога другите молчеа, и стоев исправен дури и кога се чувствував сам.

Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред.

Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата!“, пишува Кучи.

Дритон Кучи беше министер за економија од 18 јануари 2016 до 1 јуни 2017 година. тој го наследи  Беким Незирии му беше претходник на Крешник Бектеши.

 

Поврзани содржини