Османи: Во самоизолација сум, ќе се тестирам во вторник

494

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска на својот Фејсбук профил напиша дека одлучил да не присуствува на состанокот на Советот за безбедност и да се изолира до вторник, бидејќи вчера бил на средба со градоначалникот на Куманово кој потврди дека е позитивен на коронавирусот.

– По позитивната потврда за ковид-19 на градоначалникот на Куманово, а поради тоа што вчера имавме состанок во Општинскиот штаб во Куманово, и покрај тоа што цело време бев со лична заштитна маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денеска да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите, напиша Османи.






Тој му посака брзо закрепнување на градоначалникот на Куманово и на сите заразени граѓани.

Поврзани содржини