Вицепремиерот Бујар Османи објави дека пристигнала уште една пратка хуманитарна помош од НР Кина.
,Пристигна и последната пратка од Кинеската помош во тестови и лична заштитна опрема.
Со амбасадорот одржавме онлајн пресконференција“ – објави Османи на својот Фејсбук профил.
Османи е во домашна изолација по средбата во средата со кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевки, кој е позитивен на ковид-19.