Османи: Почетокот на преговорите целосно ќе ги стави во фокус европските интеграции

Претставува голем успех и за Унијата, и за Македонија, да се обезбеди консензус за почеток на преговорите во најсилниот период од кризата поврзана со пандемијата.

310

Содржината на Преговарачката рамка, како и содржината на претстојниот Извештајот не Комисијата за напредокот на земјава, како и соработката меѓу Унијата и Македонија во справувањето со пандемијата и нејзините последици, биле во фокусот на видео-конференциска средба помеѓу вицепремиерот Бујар Османи и директорот на Директоратот за проширување при Европската Комисија, Кристијан Даниелсон.

– Претставува голем успех и за Унијата, и за Македонија, да се обезбеди консензус за почеток на преговорите во најсилниот период од кризата поврзана со пандемијата. Дозволете во името на владата да пренесам благодарност до целата администрација на вашиот Директорат, и секако до вас, за упорноста и личниот ангажман во оваа насока – изјави Османи на почетокот од разговорот, упатувајќи притоа задоволство и од остварената соработка со Унијата во справувањето со пандемијата и вклучувањето на Македонија во сите активности и политики на Унијата за оваа цел.






– Очекуваме Комисијата да излезе со преговарачката рамка на почетокот од следниот месец, која, пак, заедно со Извештајот, ќе преставуваат објективен и мериторен приказ на состојбите во земјава, како и за потребите на земјата за остварување на суштински напредок кон членство во Европската Унија – истакна Османи, притоа ставајќи ги на располагање сите капацитети на земјава за придонес кон остварување на овие цели.

– Наша амбиција е оваа година да ја одржиме и Првата меѓувладина конференција и да го започнеме Билатералниот скрининг, со што Македонија во целосен капацитет ќе се посвети на преговорите со Унијата – истакна Османи“

 

Поврзани содржини