Османи: Охридскиот договор е политички бисер којшто ги премина сите граници кај нас

276

Охридскиот рамковен договор  е политички бисер којшто ги премина сите граници кај нас, но беше и внатрешна сила која што не подготви да се соочуваме со надворешните предизвици, а беше и база за потпишување на двата други договори со Бугарија и со Преспанскиот договор со Грција, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи на тематската владина седница посветена на Охридскиот договор.

–  20 години историја, автентична историја, успешна интеграција внатре во државата што би бил предизвик за сите најмодерни држави но за нашиот регион е реткост и тука сакам да констатирам дека Охридскиот рамковен договор е политички бисер којшто ги премина сите граници кај нас – изјави Османи.

 

Поврзани содржини