Османи на Захариева ѝ го честита денот кога Македонија потпадна под Санстефанска Бугарија

Денешниот празник кој го одбележува Бугарија го слави основањето на привремената Бугарска држава согласно Руско-Турскиот договор потпишан во 1878 година во селото Јешилќој близу Истанбул познато како Сан Стефано.

2,830

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи испрати честитка до својата бугарска колешка Екатерина Захариева по повод државниот празник на Бугарија, денот кога Македонија потпадна под Санстефанска Бугарија.

– Срдечна честитка до мојата колешка Екатерина Захариева по повод Националниот празник на Бугарија. Ние ја сметаме нашата релација како многу важна и посветени сме да продолжиме да работиме заедно на понатамошно зајакнување на добрососедските односи – напиша Османи по повод државниот празник на Бугарија 3 март.






Денешниот празник кој го одбележува Бугарија го слави основањето на привремената Бугарска држава согласно Руско-Турскиот договор потпишан во 1878 година во селото Јешилќој близу Истанбул познато како Сан Стефано.

Според договорот кој пропаднал за неколку месеци речиси целата денешна територија на Македонија била дел од бугарската држава.

Поврзани содржини