Османи до партиите на Албанците: Ајде да го избереме првиот премиер Албанец, не бидете на погрешната страна на историјата
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи преку Фејсбук им порача на партиите на Албанците дека изборите биле фер и демократски, напразно да не обвинуваат за нерегуларности, туку да се здружат и да го изберат првиот премиер Албанец.
– Надминете го гневот од резултатите од изборите, не обвинувајте ги Албанците за вашиот неуспех, имавте претставници на секое избирачко место и секој од нив го одобри и потпиша записникот за регуларноста на процесот. Вие исто така знаете дека ниту едно гласање нема да биде злоупотребено, теоретски или практично. Имаше илјадници локални и меѓународни набудувачи кои немаа забелешки. Оставете ги овие празни разговори што ве прават да изгледате уште полошо. Ајде да се собереме и да го избереме првиот премиер Албанец. Не ја пропуштајте оваа можност, не бидете на погрешна страна на историјата. Албанците го очекуваат ова од вас и од нас, напиша Османи.