ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД 90 ОТСТО ОД ОПАСНИТЕ БАКТЕРИИ ЗА 15 СЕКУНДИ На нашите раце живеат 3.000 различни видови микроби

Само 15 секунди миење раце со сапун може да отстрани до 90 проценти од патогените бактерии од нивните површини.

0

Светскиот ден за хигиена на рацете, кој се одбележува овие денови на иницијатива на СЗО, е потсетник за наједноставната мерка за заштита на здравјето. Нашите раце се главната алатка со која го истражуваме светот, но во исто време и главниот пат на пренесување на опасни микроби.

Кога допираме рачки на врати или пари, собираме илјадници невидливи бактерии. Ако не ги измиеме рацете темелно, вирусите лесно можат да влезат во телото преку очите или устата. Само петнаесет секунди триење на рацете со сапун може да отстрани до 90 проценти од патогените бактерии од нивната површина. Правилната хигиена не е само лична одговорност, туку и чин на солидарност. Со неа, се заштитуваме себеси и најранливите поединци во општеството – децата, старите лица и болните.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини