Органски сок од калинка, мед, вино ем ракија, од вредните раце на валандовските средношколци
Учениците во средното училиште „Гоце Делчев“ во Валандово не учат само теорија, тие уживаат во праксата и произведуваат органски сок од калинки кои растат во училишниот двор, но и градинарски производи, вино, ракија, мед, сезонско цвеќе и се радуваат на секој свој производ. Само за дел од сето она што се прави во ова училиште зборувавме со директорката Љубица Невеселова, специјалниот едукатор Емилија Зафирова Петков и наставничката по македонски јазик, Елизабета Чилевска Пандова.
Ако ги разгледате фотографиите на официјалната фејсбук страница на средното општинско училиште „Гоце Делчев“ во Валандово ќе видите како средношколците ги минуваат часовите по практична настава учејќи корисни нешта, меѓудругото, учејќи како се произведува здрава и локална храна и пијалоци и едноставно ќе посакате да бевте на прагот од средношколските денови па да се запишевте и самите таму или да имавте дома некој полуматурант кој не се симнува од мобилен и од компјутер и да го запишевте да научи – живот.
Замислете на училишен час да можевте да правите пијалок со ореви и ликер со чоколадо! Замислете да можевте и вие на оваа возраст да одгледате сами марула и брокула наместо да се муртите кога ќе ја видите во вашата чинија! Замислете да можевте сами да наберете калинки во училишниот двор и да направевте сок кој ќе го спакувате во шише и ќе го испратите на пазарот! Замислете да можевте да правите вино, ракија и да берете јапонски јаболка! Замислете целиот град да беше разубавен токму со цвеќето кое сте го пораснале вие и вашите училишни другари!
Сето ова и многу повеќе од ова прават средношколците и нивните наставници од средното валандовско училиште.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.