ОРГАНИЗИРАЛЕ БОРБИ СО КУЧИЊА, ФАТЕНИ НА ЛИЦЕ МЕСТО Деветмина уапсени, од кои четворица од Косово
Пронајдено е едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од кривичното дело, соопшти полицијата.
Полицијата уапси 9 лица, од кои четворица од Косово, кои ги затекнала како организираат борби со кучиња во битолското село Црноец.
Пронајдено е едно повредено куче.
„На 1.11.2025 година во 23 часот во село Црноец, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода А.Д.(49), К.С.(43), Р.Б.(48) и Б.Н.(53), четворицата од Косово, Г.С.(51), И.Ж.(41), М.Х.(43) и В.Л.(43), сите од Битола и В.М.В.(59) од Штип. Тие се затекнати во дворното место на М.Х. во селото, каде што организирале нелегални борби со кучиња. Притоа, пронајдено е едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од кривичното дело“, соопшти полицијата.
По целосно расчистување и документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 233 од Кривичниот законик за кривичното дело Мачење животни.