ОРЦЕ СЕ СРЕТНА СО КЛАСНАТА ОД МЕДИЦИНСКО Средните училишта добија столчиња, клупи, прочистувачи на воздух…

1,330

Горд сум кога резултатите од нашиот труд за кратко време се веќе видливи, што ни дава уште поголем мотив да продолжиме посилно и поодлучно, напиша градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски по посетата на средните училишта во Скопје, кои се опремени со нови клупи и столчиња.

„Обезбедивме и прочистувачи на воздух, преносни компјутери, десктоп компјутери, нови и модерни интерактивни табли, како и смарт панели кои овозможуваат современа, динамична и квалитетна настава, во чекор со времето и потребите на младите. Со целосна одговорност можам да кажам дека ова е најголемата набавка за средното образование досега, што јасно говори за нашата силна посветеност кон поквалитетно образование“, напиша градоначалникот и најави модернизација на наставните средства.






Во фокусот е и реконструкција на спортските терени, проект кој веќе е во тек. Сите средни училишта во Скопје ќе добијат и фотоволтаици, што ќе значи намалување на трошоците за електрична енергија.

„На денешната посета, по долги години имав чест повторно да ја видам мојата класна раководителка во средното медицинско училиште каде што се образував. Средбата ми врати многу спомени од минатото и уште еднаш ме потсети колку е важна улогата на наставниците во градењето на нашите животни патишта“, додаде Ѓорѓиевски.

 

Поврзани содржини