ВОЈНАТА ЌЕ БИДЕ ПОДОЛГА И ПОБРУТАЛНА Унгарскиот премиер го свика советот за безбедност во неговата земја

Воените акции во последните денови укажуваат дека војната ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме на почетокот на годината. Мора да бидеме подготвени војната да се одолговлекува, со сите последици за безбедноста и економијата, напиша Орбан на своите социјални мрежи.

1,192

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави свикување на Советот за одбрана во неговата земја и изрази загриженост за можното продолжување на конфликтот во Украина.

„Воените акции во последните денови укажуваат дека војната ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме на почетокот на годината. Мора да бидеме подготвени војната да се одолговлекува, со сите последици за безбедноста и економијата“, напиша Орбан во видео на својот профил на Фејсбук.






Тој истакна дека моменталната ситуација покажува значителен јаз помеѓу мировните напори иницирани од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и намерите на лидерите во Брисел и Киев, кои сакаат да продолжат со воените акции во Украина.

Претходно, Орбан изјави дека Европа ризикува да се вклучи во трка во вооружување со Русија околу Украина.

Поврзани содржини