ОПШТИНА РЕСЕН ЌЕ ГИ ОБЕСШТЕТИ ПОПЛАВЕНИТЕ Пријавувањето ќе трае до 23 јануари

67

Општина Ресен ги повика граѓаните кои имаат штета предизвикана од поплавата што се случи на 07 и 08 јануари 2026 година, да пријават во Општината.

Барањето за пријавување на штета се добива во Општина Ресен или на веб страницата на Општина Ресен www.resen.gov.mk






Покрај барањето секој барател во зависност од видот на претрпената штета треба да достави: фотокопија од имотен лист, фотографии од оштетени објекти, предмети и добра во домаќинството (доколку има), фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка, фотокопија од договор за закуп, изјава за користење на лични податоци.

Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 9 до 15 часот, во периодот од 12.01.2026 година, заклучно со 23.01.2026 година во Општина Ресен.

Поврзани содржини