Oпштина Карпош брка змии со еколошко средство

Појавата на змии е карактеристична за повисоките места во општината како што се Жданец и Трнодол, населби кои граничат со шумско подрачје и долж течението на реката Вардар.

708

Oпштина Карпош прска на својата територија со средствo кое ги брка змиите.

Службите поставуваат „репелент“ – средство за превенција, односно заштита од змии. Станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи. Ова ефикасно средство содржи екстракција на етерични масла од тревки и дрвја, а дејствува на тој начин што шири мирис на свеж оган, при што ги одбива змиите да се приближат до одредена површина.






Појавата на змии е карактеристична за повисоките места во општината како што се Жданец и Трнодол, населби кои граничат со шумско подрачје и долж течението на реката Вардар. Појавата на влекачи во овие делови е резултат на покачените температури во скопската котлина, како и распространетата вегетација.

Овие два дена, „репелент“ се поставува и околу градинките и дел од детските игралишта кои се попосетени.

– Ги повикуваме сите граѓани, кои ќе забележат појава на змии во нивните населби, да ја контактираат општината, со цел да се делува на соодветен начин – велат од Општината.

Неодамна општината спроведе редовна дезинсекција и дератизација.

Поврзани содржини