ОПШТИНА ГОСТИВАР ДОНИРА МИЛИОН ДЕНАРИ ЗА КОЧАНИ Трагедијата нè упатува да бидеме пообединети, рече градоначалникот Лимани

50

Општина Гостивар денеска одобри финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за семејствата на жртвите и повредените во трагедијата во Кочани.

Одлуката беше донесена на вонредна седница на Советот на Општината, која започна со едноминутно молчење во чест на 59-те животи загубени во трагичниот пожар на 16 март.






– Трагедијата во Кочани е голема рана, но и предизвик што нè упатува да бидеме пообединети. Му се заблагодарувам на Советот на Општината што го поддржа мојот предлог да се придонесе со 1 милион денари за семејствата на погодените. Нивната болка секој ден е во нашите срца – рече градоначалникот Валбон Лимани.

Поврзани содржини