Општина Аеродром реконстуира неколку детски игралишта

Исто така, се реконструираат и детските игралиште во новиот парк во Стар Аеродром, до кружниот тек кај поликлиниката „Јане Сандански“, во Реонски центар, зад ТЦ „Капитол“ кај трите бели кули.

1,178

Општина Аеродром деновиве го реконструира детското игралиште што се наоѓа во рамките на дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче.

– Исто така, се реконструираат и детските игралиште во новиот парк во Стар Аеродром, до кружниот тек кај поликлиниката „Јане Сандански“, во Реонски центар, зад ТЦ „Капитол“ кај трите бели кули – велат од Општината.






За безбедна игра на дечињата, Општина Аеродром го реконструира и детското игралиште до училиштето „Ѓоргија Пулевски“, игралиштето на улицата „Методија Шаторов-Шарло“ пред ресторанот „Еквириблиум“, двете игралишта во Долно Лисиче пред Месната заедница и пред надвозникот, како и старото игралиште во Ново Лисиче зад комплексот Адора.

Поврзани содржини