ОПШТИНА АЕРОДРОМ ОРГАНИЗИРА НАСТАНИ ЗА ПОМОШ ЗА ЛЕОНИД „Таму кајшто државата е нефункционална, тука сме ние!“
Таму каде државата е нефункционална, тука сме ние - општината и граѓаните! На моја иницијатива, во текот на следната недела ќе се организираат хуманитарни настани во училиштата и детските градинки, на кои дечињата и родителите ќе можат да дадат свој придонес и поддршка за лекувањето на Леонид. Апелирам до сите граѓани да ја дадат својата поддршка со повик на еден од телефонските броеви 143118 за Телеком и 143500 за А1, или пак банкарската жиро сметка - 210-7000006805-91, истакна Муцунски.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на својот Фејсбук профил објави апел до граѓаните и ги повика да дадат свој придонес во лекувањето на Леонид Индов, кој во моментов се наоѓа во Виена, Австрија.
Муцунски на својот профил напиша дека Општина Аеродром, граѓаните, локалните институции, училиштата и детските градинки, во изминатиот период покажаа високо ниво на емпатија и солидарност, додавајќи дека и во наредниот период ќе се организираат настани од хуманитарен карактер за поддршка на Леонид.
„Таму каде државата е нефункционална, тука сме ние – општината и граѓаните! На моја иницијатива, во текот на следната недела ќе се организираат хуманитарни настани во училиштата и детските градинки, на кои дечињата и родителите ќе можат да дадат свој придонес и поддршка за лекувањето на Леонид. Апелирам до сите граѓани да ја дадат својата поддршка со повик на еден од телефонските броеви 143118 за Телеком и 143500 за А1, или пак банкарската жиро сметка – 210-7000006805-91“, истакна Муцунски.