ОПОЗИЦИЈАТА НЕ ЗНАЕ ЗА КАКОВ ДОГОВОР СЕ ПРЕГОВАРА Петков и Радев треба да знаат дека оваа Влада наскоро ќе биде минато

Мицкоски вели дека сето она кое ќе биде надвор од тоа што е предвидено согласно Резолуцијата која ја усвои македонското Собрание, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го почитува и дека тоа треба да им биде јасно и на Петков и на Радев.

369

Опозицијата не знае каков договор преговара оваа влада, инаку од тоа што го слушнавме и порано од Брисел е дека билатералните преговори не можат да бидат дел од преговарачка рамка, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Секоја авантура на оваа влада и она коешто планира да го потпише, треба да е свесна дека набргу ќе има промена во владата и тоа што таа ќе го стави хартија, доколку предизвика да бидат повредени чувствата на мнозинската заедница во Македонија, на македонскиот народ, на македонските граѓани, доколку го негира постоењето на посебната македонска историја, традиција, обичаи споредено со традицијата и обичаите кај нашиот источен сосед, доколку не ја одразува различноста на македонскиот народ од бугарскиот народ, автентичната борба на македонскиот народ за своја сопствена држава, идната влада нити има намера да го почитува, нити има намера да биде дел од учебниците со кои што децата ќе учат искривена историја, историја со која што оваа влада, по принципот на талибанците, има намера да ја тушира. Се останато, е само авантура и тоа треба да го знаат и Петков и Радев и политичарите во Бугарија, дека наскоро од сега оваа влада ќе биде минато, новата влада која што ја има мнозинската поддршка од народот во Македонија, договорот кој што ќе задира во овие столбови кои што јас сега ги кажувам, нема да биде почитуван и нема да биде дел од учебниците со кои што овие деца овдека ќе се образуваат – вели Мицкоски.






Тој додаде и дека сето она кое ќе биде надвор од тоа што е предвидено согласно Резолуцијата која ја усвои македонското Собрание, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го почитува и дека тоа треба да им биде јасно и на Петков и на Радев.

Запрашан од новинарите каков е неговиот став околу вадењето на формулација од 20% од Уставот, за што премиерот Ковачевски даде согласност, Мицкоски посочи дека жали што се уште има политички лидери во 21-от век кои зборуваат низ призмата на проценти и квоти

– Јас одбивам да зборам за проценти и квоти, а сакам да зборувам за квалитет, вештини знаења, бидејќи тоа е она кое што нас денеска може да не движи напред. Процентите и квотите мислам дека се потрошија и нема потреба да ги навредуваме не мнозинските заедници во Република Македонија со тоа што ќе бидат дел од процентите и квотите. Јас сум убеден дека голем дел од тие луѓе кои се припадници на не мнозинските заедници во Македонија одбиваат и не сакаат да бидат дел од квоти и проценти, туку сакаат да напредуваат затоа што имаат вештини, знаења и компетенции – додаде тој.

 

Поврзани содржини