Љупчо Николовски наместо да мачка путер, заедно со Заев и Филипче да си дадат оставки веднаш, порача денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков откако објави документи од Централниот регистар на Хонг Конг за аферата со кинеските вакцини.
Оставка од Николовски денеска побара и Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ за аферата со софверот за МВР.
– Љупчо Николовски по прекар „путерот“ мора сериозно да си ја заслужи платата и да се позанимава со сериозен криминал и корупција, како на пример набавката на софтверот на Драги Рашковски и криминогениот скандал на Венко Филипче при обидот за набавка на вакцини од Кина. Путерот го нема, провизиите сто. Државата тоне во криминал корупција и рецесија, а путерот Љупчо Николовски ја дефокусира јавноста со банални заплени на 30 килограми путер – рече Стоилковски.