📽️ ЈОНГ УН ГИ ПРОГЛАСИ ЗА ХЕРОИ ЗАГИНАТИТЕ СЕВЕРНОКОРЕЈЦИ ВО УКРАИНА Лидерот на Северна Кореја веќе не крие дека му помага на Путин
Иако не е јасно кога точно биле вратени мртвите тела на војниците, зимската облека што ја носат Јонг Ун и присутните функционери, меѓу кои и неговата сестра Ким Јо Џонг и министерката за надворешни работи Чое Сон-хуи, сугерира дека церемонијата се одржала пред неколку месеци.
Претседателот на Северна Кореја Ким Јонг Ун jавно се поклони пред шест6 ковчези со тела на севернокорејски војници кои загинале во војната во Украина, признавајќи дека Пјонгјанг претрпел воени загуби. Ројтерс пишува дека настанот се случил на првата годишнина од договорот за поддршка во одбраната кој Јонг Ун го потпиша со својот руски колега минатиот јуни.
На гала-концертот во театарот „Гранд“ во источен Пјонгјанг, на голем екран беа прикажани фотографии од Ким како стои пред редица од 6 ковчези обвиени со севернокорејското знаме. Снимките беа надополнети со видеа од севернокорејски и руски војници кои мавтаат со националните знамиња, како и фотографија од наводно крвава тетратка пронајдена на бојно поле во рускиот регион Курск.
Во неа, според јужнокорејската агенција „Јонхап“, стоеле пораки како „конечно дојде одлучувачкиот момент“ и „храбро се бориме во оваа света битка со безграничната љубов и довербата што ни ја даде нашиот сакан врховен командант“.
Иако не е јасно кога точно биле вратени мртвите тела на војниците, зимската облека што ја носат Јонг Ун и присутните функционери, меѓу кои и неговата сестра Ким Јо Џонг и министерката за надворешни работи Чое Сон-хуи, сугерира дека церемонијата се одржала пред неколку месеци.
The DPRK held a farewell ceremony for the North Korean soldiers killed in the Kursk region.
State TV published a video of Kim Jong-un shedding tears over the coffin of a dead soldier.
The ceremony took place on June 29 at the East Pyongyang Grand Theater, Seoul-based Korea… pic.twitter.com/UM6Fbtb3qq
— Positionlive (@Positionlive) July 1, 2025
Северна Кореја долго време негираше дека испраќа трупи во Украина. Сега, преку јавен чин, го претставува нивното учество како чин на херојство. Државната телевизија во земјата, КРТ, прикажа видеа од настанот, каде Ким изгледа видно трогнат додека седи покрај руската министерка за култура Олга Љубимова и неговата ќерка Ким Ју-ае. Публиката во салата брише солзи.
Аналитичарите сметаат дека Пјонгјанг се обидува да ја преобликува приказната.
– Северна Кореја сака паднатите војници да изгледаат како жртви, но и како дел од приказна за победа – изјави Хонг Мин, виш истражувач во Корејскиот институт за национално обединување. Според него, објавувањето на снимките следува откако двете земји го признаа распоредувањето трупи и ја прогласија заедничката операција во Курск за успешна.
Државната новинска агенција на Северна Кореја, КЦНА, оцени дека церемонијата „ја зголемила довербата во врските на пријателство и искрената интернационалистичка посветеност меѓу народите и армиите на двете земји, кои беа создадени по цена на крв“.
Се проценува дека од есента наваму, Северна Кореја испратила околу 15.000 војници во Русија. Притоа, според извештаи, се испорачани и големи количини муниција, артилериски гранати, балистички ракети и друго оружје, во замена за воена опрема, технологија и економска поддршка од Кремљ.
Ким најави изградба на споменик во Пјонгјанг во чест на паднатите и најави полагање цвеќе на нивните гробови. Ова е негово прво јавно признание на жртвите.