ОН предупредува на опасна епидемија од дезинформации

Заедно да ги отфрламе лагите и глупостите да се изгради поздрав, поправеден и отпорен свет, заклучува Гутереш.

372

Пандемијата ковид-19 предизвика „опасна епидемија на дезинформации“, предупреди денеска генераниот секретар на ОН Антонио Гутереш, но не наведе конкретни случаи на земји или медиуми.

– Во време кога науката и солидарноста треба да бидат главната основа, таканаречените здравствени совети предизвикуваат штета и лаги се шират, а теориите на заговор и омразат го заразија интернетот, стигматизирајќи и клеветајќи ги луѓето и групи – предупреди тој.






– Светот мора да се обедини  против таа болест – побара тој, оценувајќи дека вакцината ќе обезбеди доверба и дека пред се – треба да и се верува на науката.

– Треба да им се верува на новинарите и на оние кои проверуваат информации во низата лажни теории и написи на социјалните мрежи. Големите компании за социјални мрежи треба да сторат повеќе за да ја отстранат омразата и штетните тврдења во врска со ковид-19 – нагласи Гутереш.

„Заедно да ги отфрламе лагите и глупостите да се изгради поздрав, поправеден и отпорен свет“, заклучува Гутереш во соопштение.

Поврзани содржини