ОМИКРОН НЕ ДЕЛУВА ИСТО КАЈ ПОМЛАДИТЕ И КАЈ ПОВОЗРАСНИТЕ Децата страдаат од невообичаен и агресивен осип

Симптомите како што се замор, главоболки и губење на апетит изгледаат доста важни, како и осипите, изјави британскиот лекар Дејвид Лојд.

1,205

Децата заразени со варијантата на коронавирус омикрон може да добијат „невообичаен“ и агресивен осип“, изјави британскиот лекар Дејвид Лојд за Скај њуз.

Како што забележа лекарот, постојат одредени разлики во симптомите на децата инфицирани со омикрон во споредба со возрасните.






– Симптомите како што се замор, главоболки и губење на апетит изгледаат доста важни, како и осипите – рече тој.

Лојд нагласи дека мала група пациенти со ковид-19 отсекогаш имале осип, но потенцираше дека „до 15 отсто од децата со омикрон имаат необичен осип“.

Докторот додаде дека лекарите постепено учат повеќе за оваа варијанта на вирусот.

– Да се ​​надеваме дека Омикрон не е толку смртоносен како делта и дека ќе можеме да се справиме со него. Но, да, времињата се загрижувачки – рече тој.

Поврзани содржини