Идниот претседател на СДСМ е мојот сограѓанин Димитар Ковачевски и оттука од мое Куманово упатувам силна порака – убеден сум дека одговорно и посветено ќе ја води партијата и со новото раководство ќе го осигура континуитетот на успешните политики и ќе продолжи да го гради општеството со социјалдемократски вредности, едно општество за сите наши граѓани, затоа што СДСМ постои за граѓаните и работи пред се за доброто на општеството.
Ова вечерва го соопшти Оливер Спасовски, актуелниот министер за внатрешни работи, влијателен член на раководството на СДСМ.
Кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва во Куманово одржа средба со членовите на раководството на СДСМ, на која присуствуваа и претставници на раководствата од Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Липково, Старо Нагоричане и Арачиново. На средбата тој нагласи дека резултатот на изборите покажал дека СДСМ мора да ги менува работите.
Во продолжение, постот на Оливер Спасовски на Фејсбук: