ОКТА ДАДЕ ПОПУСТ ОД 2 ДЕНАРA ПО ЛИТАР ДИЗЕЛ Вкупната поддршка од компанијата за домашниот пазар изнесува околу 8 милиони евра

Попустот ќе се применува на продажбата на дизел гориво што ОКТА го испорачува на трговците со горива на големо и мало. Учесниците на пазарот и понатаму самостојно ќе ги утврдуваат конечните малопродажни цени, во согласност со своите комерцијални политики и актуелните пазарни услови.

2

ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска  до 2 ноември 2026 година, информираат од компанијата.

Попустот ќе се применува на продажбата на дизел гориво што ОКТА го испорачува на трговците со горива на големо и мало. Учесниците на пазарот и понатаму самостојно ќе ги утврдуваат конечните малопродажни цени, во согласност со своите комерцијални политики и актуелните пазарни услови.






-Оваа иницијатива е дел од серијата таргетирани мерки за поддршка кои ОКТА ги спроведува од март 2026 година, со цел да придонесе кон ублажување на влијанието на нестабилноста на меѓународните пазари и за поддршка на стабилноста и конкурентноста на домашниот пазар на горива – велат од компанијата.

Со најновата иницијатива, вкупната вредност на досегашната поддршка, која ОКТА ја обезбедува за домашниот пазар од март 2026 година, се очекува да достигне приближно 8 милиони евра.

Поврзани содржини