ЃОКОВИЌ СИ КУПИЛ „ТЕСЛА Х МОДЕЛ“ Има 1.020 коњи и забрзува до 100 км/час за 2,5 секунди

„Теслата“ на Ѓоковиќ има 1.020 коњски сили, забрзува до 100 км/час за неверојатни 2,5 секунди. Да ја купите нова чини 95.000 евра, а 110.000 евра чинат нејзините надградени модели со подобри перформанси.

1,778

„Возниот парк“ на првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по сè изгледа се менува како што се развива и неговата кариера. Кога почна да се занимава со „белиот спорт“, Ѓоковиќ потпиша спонзорски договор со Мерцедес, а лани тој стана амбасадор на Пежо па ги возеше моделите 508 и RCZ. Но, овојпат Ноле се враќа кон своите српски корени и својот сонародник Никола Тесла, пишува Блиц.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tesla Auto Self Driving (@tesla.asd)






„Теслата“ на Ѓоковиќ има дури 1.020 коњски сили, забрзува до 100 км/час за неверојатни 2,5 секунди. Да ја купите нова чини 95.000 евра, а 110.000 евра чинат нејзините надградени модели со подобри перформанси.

Сепак, поради атрактивниот дизајн, моќниот мотор и необичниот механизам за отворање на задните врати, овој автомобил од одредена перспектива изгледа како „бетмобил“ од филмовите за Бетмен“.

Странските медиуми објавија дека Ѓоковиќ „отсекогаш ги сакаше Ауди, Мерцедес-Бенц и БМВ“, но уште во 2018 година во Синсинати, многумина беа воодушевени кога го видоа Ноле надвор од стадионот не можејќи да се сети каде го паркирал својот тогашен автомобил – сив Тесла „S Модел“.

 

Поврзани содржини