ЃОКОВИЌ ОДИ ВО ПОЛУФИНАЛЕ НА УС ОПЕН Ќе игра против Бен Шелтон

278

Новак Ѓоковиќ се пласираше во рекордното 47. полуфинале на гренд слем турнирите откако го совлада Американецот Тејлор Фриц на Отвореното првенство на САД.

Триесет и шестгодишниот српски тенисер славеше со 6:1, 6:1, 6:4 и го продолжи патот кон 24. гренд слем титула.






Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе игра против Бен Шелтон за кого ова е најголемиот успех во кариерата.

Без разлика дали ќе го освои турнирот, Ѓоковиќ од понеделник повторно ќе биде светски рекет број еден.

Поврзани содржини