ЃОКОВИЌ НЕМА ДА ИГРА ЗА СРБИЈА ВО СИДНЕЈ Што ќе биде со Грен слемот во Мелбурн?

Новак 99 отсто не патува на АТП. Овде тренира, но реши да го пропушти ова натпреварување, изјави извор близок до најдобриот тенисер во светот.

654

Најдобриот светски тенисер нема да патува во Сиднеј на репрезентативното натпреварување кое на програмата е од 1 јануари, дознава Блиц. Наместо Ѓоковиќ, на АТП Србија ќе ја претставуваат Филип Крајиновиќ, Душан Лајовиќ, Матеј Шабанов, Никола Чаќиќ и Никола Милојевиќ против Норвешка, Чиле и Шпанија.

– Новак 99 отсто не патува на АТП. Овде тренира, но реши да го пропушти ова натпреварување – изјави извор близок до најдобриот тенисер во светот.






Сега се поставува прашањето дали Новак ќе оди во Мелбурн на првиот Грен слем во сезоната кој започнува на 17 јануари, а на кој Ноле треба да се бори за десеттата титула. Засега Новак е во Белград, каде има обврски околу Фондацијата, тренира, а наоѓа времето и за децата и останатите членови на семејството.

Конечната одлука за настап на Австралија опен Ѓоковиќ најверојатно ќе ѝ ја соопшти на јавноста пред Нова година.

Поврзани содржини